Медиум: Земјите на ЕУ се поделени по прашањето за продолжување на санкциите

Водечките политичари во Германија и Европската унија се разидуваат по прашањето за потребата од продолжување на санкциите против Русија, пишува весникот „Вол Стрит Џурнал“.

„Германското општество едноставно пука на рабовите“, тврди изданието. „Меркел (германската канцеларка) смета дека засега е прерано да се укинат санкциите воведени поради Украина, но социјалдемократите не се согласуваат. Водечките германски политичари сѐ повеќе се склони да веруваат дека европските санкции треба да ослабат“. Притоа, многумина во Берлин потенцираат дека е време „значително да се подобрат некогаш просперитетните односи со Москва“, се вели во статијата на „Вол Стрит Џурнал“.

„Настанатите пукнатини“ укажуваат на почеток на процесот за „раскол во коалицијата“ (коалициската влада на Германија се состои од еден блок на Христијанско-демократската унија / Христијанско-социјалната унија - ЦДУ / ЦСУ и Социјалдемократската партија на Германија - СПД), пишува весникот. Германскиот политиколог и социјалдемократ Ролф Mицених изјави за весникот дека „разногласијата меѓу партнерите во владејачката коалиција ги одразува одамна постоечките поларните ставови во врска со санкциите во Европа, затоа што Италија, Грција и Унгарија отсекогаш биле критични во однос на санкциите и се залагаат за нивно укинување во најблиска иднина“. „Европската позиција веќе одамна е далеку од тоа да биде едногласна“, вели аналитичарот.

„И покрај недвосмислениот став на Меркел, водечките социјал-демократи на Германија и голем број на политичари, членови на владејачката коалиција, изразија спротивно мислење“,  пишува весникот. „Оваa левоцентристичка партија која со децении се залага на одржување на добрите односи со Руската Федерација, од самиот почеток мошне незадоволно се изјасни за санкциите“. Весникот го цитира германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер дека „е потребно да се продолжи да се врши притисок, но санкциите против Русија треба да се применуваат на порационален начин“.

„Санкциите не се цел сама по себе“, смета Штајнмаер. „Со оглед на фактот дека има напредок во оваа ситуација, неопходно е по можностда се прибегне кон нивно слабеење“.  Претходно, министерот за економија и енергетика на Германија, вицеканцеларот Зигмар Габриел исто така повика на укинување на некои од санкциите.

Во исто време, раководството на ЕУ смета дека е потребно да се разговара за ова прашање не порано од втората половина на оваа година, по „целосна политичка проценка“ на ситуацијата со спроведувањето на „Минската спогодба“ (важноста на економските санкции на ЕУ истекува  на крајот на јули). Шефот на Европскиот совет Доналд Туск изјави со сигурност дека санкциите ќе биде продолжени „во текот на наредните две до три недели“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња