Медиум: Руската воена моќ е илузорна

Аналитичарот Роџер Мекдермот за „Национален интерес“ тврди дека руските вооружени сили не се во целост реформирани ниту модернизирани и дека се далеку од тоа да претставуваат закана за која се зборува во некои кругови.

Порталот „Национален интерес“ предупредува дека западните влади треба да бидат претпазливи кога се зборува за можностите на руската војска. Аналитичарот Роџер Мекдермот тврди дека информациите за реформираната и модернизирана руска војска се во голема мера преувеличени и дека се дел од информативната кампања на Кремљ.

„Бројните слабости во сферата на одбранбеното планирање, неуспешните обиди за реформа, како и системските предизвици со кои се соочува воената индустрија, поминуваат речиси незабележано во светлината на ефектните соопштенија на службата за односи со јавноста. Освен тоа, операцијата на Крим и дејствијата на руската авијација во Сирија ги засенија слабостите на руската војска“, пишува  аналитичарот.

Тој тврди дека руските вооружени сили не се во целост ни реформирани, ни модернизирани и дека се далеку од тоа да претставуваат закана за која се зборува во некои кругови. „Западните влади треба да се воздржат од претерани реакции на успесите на Русија во воената сфера и реално да го проценат тој процес“, заклучува аналитичарот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња