Туск: Санкциите против Русија остануваат

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск смета дека антируските санкции воведени од страна на ЕУ ќе продолжат да важат.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека економските санкции на ЕУ против Русија ќе останат на сила сѐ до целосна реализација на „Минската спогодба“, пренесува РИА „Новости“.

„Постапките на ЕУ во однос на Русија остануваат непроменети“, изјави Туск во текот на брифингот на маргините на самитот на Г-7, истакнувајќи дека „значителен напредок во реализацијата на „Минската спогодба“ засега не се забележува“.

Зборувајќи за територијалните спорови меѓу земјите, Туск истакна дека нивното решение „треба да се базира на меѓународното право и на мирен дијалог“.

Важноста на антируските санкции воведени од ЕУ истекува на 31 јули. Прашањето за продолжување на мерките ќе биде дискутирано на самитот на ЕУ на 28-29 јуни. Притоа неколку европски држави изразија подготвеност да се изјаснат за омекнување на ограничувањата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња