„Најверојатно, ЕУ ќе ги продолжи санкциите против Русија, но тоа, исто така, ќе биде последен пат, бидејќи до крајот на годината тие економски мерки би требало да се укинат“, рече неименуван соговорник за РИА „Новости“.
Тој, исто така, ја коментираше изјавата на министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто за тоа дека Будимпешта се противи на продолжување на санкциите, изјавувајќи дека несогласувањата во врска со продолжување на овие економски мерки меѓу земјите-членки станаа очигледни.
Во исто време, тој прецизираше дека Полска, Шведска, Велика Британија и балтичките земји сѐ уште се со цврст став дека санкциите треба да останат на сила.
Меѓу оние кои се против санкциите, како што рече тој, се Унгарија, Кипар, Грција, Италија и Словачка, додека за нормализација на односите со Русија се залага Австрија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче