Путин: РФ е подготвена за најтесна соработка за борба против тероризмот

Изјава на рускиот претседател ја прочита на отворањето на седмиот меѓународен состанок на високите претставници за безбедносни прашања генералниот секретар на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев.

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека Русија е подготвена за тесна меѓународна соработка за борба против тероризмот, пренесува ТАСС.

„Руската страна е подготвена за најтесна меѓународна соработка во сите овие области – како на билатерална, така и во различни мултилатерални формати“, -  изјави тој во обраќањето до учесниците на седмата по ред меѓународна средба на високи претставници за безбедносни прашања. Обраќањето на претседателот на РФ на отворањето на манифестацијата го прочита секретарот на Советот за безбедност Николај Патрушев.

Путин истакна дека учесниците на средбата ќе разговараат за актуелни за сите земји во светот прашања, како што се борбата против тероризмот и милитантниот екстремизам, транснационалниот криминал и илегалната миграција, борбата против нелегалната трговија со дрога, како и безбедноста на информациите.

Шефот на државата истакна дека секоја година се зголемува интересот за ваквите состаноци - и оваа година се собраа претставници на 75 земји и делегација на ОН – „јасно сведочи за сериозното расположение за зајакнување на партнерства во справувањето со глобалните предизвици и закани, за развојот на консолидиран пристап во сферата на меѓународната и регионалната безбедност“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња