„Сите руски борбени авиони кои се наоѓаат во Сирија ги извршуваат планираните задачи за ликвидација на терористите. Нема загуби меѓу војниците на руската воздушна база. Потсетувам дека авторите на гласовите за уништување на единици руски борбени хеликоптери и дваесет камиони им припаѓаат на пропагандистите на ДАЕШ кои безуспешно се обидуваа да ја „продадат“ оваа наводна „вест“ пред околу 10 дена“, изјави генералот Конашенков.
Тој објасни дека фотографиите со изгорена воздушна и автомобилската техника, како и бројните дупки од експлозии на гранати се снимени пред повеќе месеци.
Конашенков додаде дека тоа се „траги од упорните борби на сириските владини сили и милитантите на терористичките формации за аеродромот“, пренесува ТАСС.
Претходно американската разузнавачка агенција „Стратфор“ објави сателитски фотографии од кои наводно се гледа дека се уништени четири руски хеликоптери Ми-24 по нападот врз авиобазата Т4 пред десетина дена.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче