Премиерот на Русија Дмитриј Медведев во текот на посетата на Крим им објасни на жителите на полуостровот дека засега не е предвидена индексација на пензиите и им посака да се „држат” и да го зачуваат доброто расположение, пренесува „Взгљад”.
Одговарајќи на прашање за пензиите, Медведев рече: „Пензиите се посебна тема. Со пензиите ќе се занимаваме во целата земја. Не можеме да го правиме тоа не едно место. Индексацијата не е никаде спроведена. Ние воопшто немаме донесено одлука за тоа. Едноставно нема пари. Кога ќе се најдат пари, ќе направиме индексација. Држете се, ви посакувам добро расположение и здравје“.
Снимката од разговорот на Медведев со жителите на Крим во Феодосија е објавена на „Јутјуб“.
Кремљ одби да ја коментира одлуката на премиерот Медведев за индексација на пензиите.
Извор од владата на РФ на претходно изјави дека владата би можела да се откаже од летнат индексација на пензиите и дека ја разгледува можноста за исплата на еднократна компензација во вид на дополнителна пензија
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче