Министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров изјави дека Русија е подготвена да ги координира напорите со коалицијата предводена од САД и курдските доброволци во Сирија за да се ослободи Рака, пренесува РИА „Новости“.
„Не можам да кажам колку се реални вестите дека таквите активности се веќе започнати, но факт е дека сме подготвени за таква координација, одговорно изјавувам“, изјави Лавров, како одговор на барањето за коментар на изјавата на претставник на курдската партија „Демократски сојуз“ дека наскоро ќе започне активна фаза на офанзивата на Рака со учество на Курдите, САД и Русија.
„Се разбира, Рака е една од целите на антитерористичката коалицијата, исто како и ирачкиот Мосул. Убедени сме дека би било можно поефикасно и побрзо ослободување на овие населени места ако нашите војски (на Руската Федерација и САД) ги координираа своите активности многу порано. Сега има шанса таквата координација да се случи. Поаѓаме од тоа дека авијацијата на ВКС Русија и авијацијата на коалицијата предводена од САД треба да работат синхронизирано, на координиран начин, и да им помогнат на оние кои се на терен, реално да се спротивстават на терористичките одреди. Пред сѐ, тоа се, се разбира, вооружените сили на Сириската Арапска Република и, се разбира, тоа се различните групи на курдските доброволци, вклучувајќи го и военото крило на партијата „Демократски сојуз“, рече Лавров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче