Асовите настапуваа како одделно, така и со заеднички маневри во група од девет ловци Су-27 и МиГ-29. Оваа формација се нарекува нонаедар или „Кубански брилијант“. Пилотите демонстрираа фигури за врвно пилотирање во синхринизирана изведба, почнувајќи од „Буре“ и завршувајќи со „мртва јамка“ (Нестерова јамка).
Програмата на фестивалот исто така беше обележана со првиот во руската историја заеднички настап на ловец Су-27 со четири „Ноќни ловци“ Ми-28Н (пилотска група „Беркути“).
Сложеноста и уникатноста на ова шоу се состои во техничките аспекти. Пилотот на ловецот мора да прави фигури и да го држи својот авион на минимална брзина – 220 км/ч. Тоа овозможи да се реализира заедничката програма со борбените хеликоптери, за кои двесте и нешто километри на час се максималната брзина.
Според зборовите на командантот на Воздушно-космичките сили на РФ генерал-полковник Виктор Бондарев, дури и времето му се придружи на празникот на руските пилоти. „Во моментов, „Руските витези“ се подготвуваат да ги заменат своите Су-27 со нови суперманеварски авиони Су-30СМ“, додаде Бондарев.
Пилотите веќе почнаа со заедничко одработување на фигурите и во најблиска иднина ќе бидат подготвени за настап на меѓународна сцена, истакна тој.
Видеото од одбележувањето на празникот можете да го погледнете овде.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче