МНР Русија: НАТО го игнорира мислењето на Црногорците

Русија го смета вовлекувањето на Црна Гора во НАТО за вештачко и кое не одговара на мислењето на граѓаните на оваа земја.

Русија го смета вовлекувањето на Црна Гора во НАТО за вештачко и кое не одговара на мислењето на граѓаните на оваа земја. Ова на брифингот го изјави портпаролот на МНР Русија Марија Захарова.

„Континуираното вештачко вовлекување на Подгорица во Алијансата се случува врз основа на скришно договарање со црногорскиот врв без земање предвид на мислењето на граѓаните на таа земја и со заобиколување на истите оние демократски принципи и процедури чие почитување НАТО толку активно го декларира“; објасни Захарова.

Коментирајќи го одбивањето на властите на Црна Гора да спроведат референдум за прашањето за членство на земјата во Алијансата, портпаролот на МНР РФ забележа: „Кога станува збор за геополитичките амбиции на НАТО, мислењето на граѓаните на Црна Гора, изгледа, може потполно да се занемари“.

Захарова исто така изјави дека денешното потпишување на протоколот за присоединување на Црна Гора кон Вашингтонскиот договор од страна на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО „само го потврдува стремежот на Брисел максимално да го форсира процесот на зачленување и да му даде неповратен карактер“. Според нејзините зборови, „уште едниот натовски обид да се измени политичкиот релјеф во Европа“ нема да остане без одговор од страна на Москва.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.