Министрите на НАТО го потпишуваат протоколот за прием на Црна Гора

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО денеска ќе го потпишат протоколот за зачленување на Црна Гора во Алијансата, а кој потоа треба да биде ратификуван од парламентите на земјите на НАТО, пишува на сајтот на Алијансата.

Церемонијата на потпишување на протоколот ќе се одржи во рамките на министерската средба во Брисел.

Протоколот за зачленување внесува измени во Северноатлантскиот договор – главниот документ на воениот блок, а промените се однесуваат на ратификацијата во националните парламенти на сите членки на Алијансата.

Зборувајќи за перспективите на зачленувањето на Црна Гора во Алијансата, претставник на НАТО за РИА Новости изјави дека „ратификацијата зависи од националните процедури и затоа е тешко да се каже колку ќе потрае тој процес“.

Министрите за надворешни работи на 28 земји-членки на НАТО на состанокот во декември 2015 година официјално ѝ понудија на Црна Гора да почне преговори за приклучување на Алијансата. Во март годинава премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ изјави дека неговата земја може да стане членка на НАТО кон средината на 2017 година. Опозицијата во Црна Гора е против зачленувањето во НАТО и бара оставка на премиерот, формирање преодна влада и нови парламентарни избори, како и референдум за прашањето за зачленувањето во НАТО-пактот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња