Радарската станица на системот за предупредување за ракетен напад „Днепар“ што се наоѓа кај Севастопол, ќе биде обновена, пишува весникот „Известија“ повикувајќи се на претставник на воено-индустрискиот комплекс.
Според информациите на изданието, објектот може да регистрира лансирање на хиперзвучни, крстосувачки и балистички ракети од водите на Средоземното и Црното море.
Изворот во воено-индустрискиот комплекс објасни дека станицата во Севастопол ќе добие апаратура од сантиметарски дијапазон, што ќе овозможи зголемување на ефикасноста на радарите во Армавир кои работат во дециметарски дијапазон.
Обновата на радарот ќе обезбеди сестрана одбрана на Русија од ракетни напади, истакнува „Известија“. На пример, американската ракета „Томахавк“ лансирана од водите на Средоземното море, може да долета до Москва за 120 минути, што е доволно за пресретнување.
Станицата „Днепар“ не беше во употреба повеќе од десет години. По распадот на СССР објектот ѝ припадна на Украина. Русија еден период го изнајмуваше радарот, но подоцна договорот беше раскинат поради позициите на Киев, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче