Пратеникот во турскиот парламент Шамил Тајар по победата на московска ЦСКА против истанбулскиот Фенерабхче во финалето на Евролигата предложи да се собори уште еден руски авион.
„Сакам да биде соборен уште еден руски авион“, ги цитира неговите зборови РИА „Новости“, а по повеќето негативни коментари на оваа изјава, Тајар напиша на Твитер дека тоа била шега и дека сакал да ги расположи сонародниците по поразот на турскиот клуб, пренесува „Взгљад“.Тајар е инаку пратеник од редовите на владејачката партија на Турција – Партијата на правдата и развојот.
ЦСКА во неделата ја освои седмата титула првак на Европа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче