Пентагон:Картер е подготвен за контакти со Шојгу, но засега нема таков план

Засега контактите со руската страна се реализираат преку Стејт департментот на САД и неговиот шеф Џон Кери.

Министерот за одбрана на САД Ештон Картер е подготвен за контакти со неговиот руски колега Сергеј Шојгу, но засега нема такви планови, соопшти портпаролот на Пентагон Питер Кук.

„Министерот е подготвен да соработува со министерот Шојгу доколку почувствуваме дека тоа ќе биде продуктивен чекор. Засега не се планирани никакви средби или јавувања“, рече Кук на брифингот.

Тој потсети дека во сегашно време контактите со руската страна се реализираат преку Стејт департментот на САД и неговиот шеф Џон Кери.

Освен тоа, војските на двете страни редовно имаат видеоконференциски контакти за безбедноста на летовите во Сирија, а кои Пентагон ги нарекува конструктивни, пренесува РИА „Новости“.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња