Русија во Париз ќе претстави смарт-автомобил

Младата руска компанија Mirrowcars ќе се претстави на саемот на автомобили во Париз на почетокот на октомври со својот новитет – четвороседот со звучното име Provocator кој е веќе наречен „елегантен убиец на градските автомобили“.

Главната особина на автомобилот е нестандардниот распоред на седиштата и отсуството на странични врати. Во автомобилот се влегува преку задната врата која овозможува да се премине практично со цела височина, затоа што висината на отворот е 170 сантиметри. Притоа распоред на седиштата е таков што ги раздвојува преминот што води од задната врата. Според мислењето на конструкторите, ваквиот распоред овозможува поголем простор за патниците и нивниот багаж.

Страничните врати се користат само во случај на потреба, а се отвораат на различни страни. Нивните мали димензии овозможуваат поголема издржливост на каросеријата.

Шасијата на микроавтомобилот е изработена од материјал кој овозможува да се намали тежината, а да се зголеми цврстината. Должината изнесува 2695 мм, ширината без огледалото 1980 мм, а висината достигнува 2045 мм. Во внатрешноста растојанието од подот до плафонот изнесува 1800 мм. Овие димензии прават автомобилот да личи на моторизирана кутија.

Во моментов компанијата бара партнери кои би можеле да ѝ помогнат да започне со сериско производство на автомобилот за две години, пишува сајтот „Авторамблер.ру“. Цената на автомобилот се предвидува да биде од 3,5-4,5 илјади евра.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња