Кери: Русија, САД и Иран ќе притиснат во Сирија

САД, Русија и Иран ќе го осигураат прекинот на огнот во Сирија.

Вашингтон, Москва и Техеран ќе извршат притисок врз сириската опозиција и владините сили со цел почитување на договорот за прекин на огнот во Сирија, изјави во понеделникот државниот секретар на САД Џон Кери.

„Ние сме одговорни за да се увериме дека опозицијата го почитува тоа (режимот на прекин на огнот), РФ и Иран се одговорни да се уверат дека режимот на Асад го почитува тоа“, ја цитира изјавата на Кери агенцијата „Ројтерс“, а пренесува РИА „Новости“.

„По многу часови дискусија, Русија даде до знаење дека тоа е патот по кој таа е подготвена да оди“, додаде Кери.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња