Москва и Вашингтон се договорија за примирје во Алепо

Ројтерс
Русија и САД се договорија за примирје во Алепо, најголемиот сириски град каде последниве недели се водат жестоки борби помеѓу сириската армија, опозицијата и радикалните исламисти. Режимот на прекин на огнот треба да трае најмалку 48 часа.

Според руско-американскиот договор, „режимот на тишина“ во Алепо стапи на сила во четвртокот, 5 мај. Според информациите од градот, таму сега постои „релативно затишје“.

Примирјето во Сирија беше објавено уште на 27 февруари, но околу Алепо продолжуваат битките. Продолжувањето на боевите дејствија во Дамаск се објаснува со неопходноста за спротивставување на исламистите.

Во овој дел од северот на Сирија силни се позициите на џихадистите, особено од групата „Фронт ан Нусра“, за кои не важи примирјето. Во исто време противниците на сирискиот претседател Башар ал Асад и земјите од Западот ја обвинија неговата војска за борба со делови од светската опозиција.

РојтерсРојтерс

За „режимот на затишје“ во Алепо, како што соопшти постојаниот претседател на Русија при ООН Виталиј Чуркин на 4 мај на специјалното заседание на СБ, посветено на ситуацијата во овој сириски град, било договорено уште за 3 мај. Сепак, според рускиот дипломат, договорот бил прекршен од опозицијата, која извршила ракетни напади врз деловите од градот кои се под контрола на владата.

Алепо веќе неколку години е поделен помеѓу спротивставените страни. Неговите западни делови се под контрола на владината војска, а останатите ги контролираат бунтовниците или, пак, џихадистите. Како што изјавуваат во Москва и во Дамаск, позициите на опозиционерите и на борците од „Фронт ан Нусра“ во Алепо се толку тесно преплетени, што е невозможно да се извршат напади само врз радикалите.

Позициите се измешани

Како што забележа во интервју за „Руска реч на македонски“ Сергеј Демиденко, експерт-ориенталист од Руската академија за народно стопанство и државна администрација, позицијата на учесниците во конфликтот во Алепо се навистина толку измешани, што често е нејасно кој каде се наоѓа. Според него, таму има многу учесници на отпорот: освен владината војска, основните исламистички групи и опозиционерите, постојат и формации од различни етноконфесионални групи. Притоа, сите кои се вовлечени во конфликтот имаат своја шема на дејствување, и тие ретко ги координираат своите активности со другите групи.

Оваа „ситуација на слоеви“ предвидува кус период на примирје: во хаосот што царува во Алепо е невозможно да се постигне каков било договор за нешто што би траело подолго време. Притоа, како што забележува експертот, во Алепо, како и во Сирија во целост, позицијата на условно светската и на условно умерената опозиција од Слободната сириска армија (ССА) се слаби. Исламистите таму имаат многу поголемо влијание. Згора на тоа, како што подвлекува аналитичарот ССА не е некаква јасно организирана структура. Таа претставува конгломерат на автоматизирани организации, кои, меѓу другото, вклучуваат и исламистички групи. Сето тоа сериозно го отежнува постигнувањето договор со ССА.

Некој го користи Вашингтон?

Западот го поздрави договорот за примирје. Како што изјави државниот секретар Џон Кери САД сметаат дека кон него ќе се придржуваат како властите, така и опозицијата. Според германскиот шеф на дипломатијата Франк-Валтер Штајнмаер, примирјето во Алепо е добра основа за обновување на преговорите во Женева помеѓу сириските власти и опозицијата, кои беа замрзнати пред извесен период.

Од своја страна во Москва, оценувајќи ги настаните во Алепо, беше ставена под сомнение чистотата на мислата на некои играчи кои учествуваат во разрешувањето на ситуацијата во Сирија. Според рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров САД, договарајќи се со Русија за примирје во Алепо, се обидел „да ги определи границите на оваа зона на затишје на начин да опфати голем дел од позициите што ги зафаќа Нусра“. Во врска со ова Лавров претпоставува дека некој се обидува да го искористи Вашингтон „за да ја извлече Нусра од под нападите“. Лавров изјави дека зад тоа може да стои Турција, повикувајќи се на информации за „неблаговидни врски“ на Анкара со ИДИЛ и со „Фронт ан Нусра“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња