Генерал Кларк: Русија размислува за нуклеарен напад врз НАТО

Сепак, Русија нема во блиска иднина да го нападне НАТО, смета американскиот генерал во пензија.

Поранешниот командант на НАТО, американскиот генерал Весли Кларк изјави дека Русија се заканува со нуклеарен напад за да ја присили Алијансата на капитулација.

„Во текот на воените вежби тие (Русија) користат нуклеарно оружје како начин за намалување на тензиите во конфликт. И тоа се прави така, божем тие би можеле да лансираат... да извршат нуклеарен напад, да речеме, врз Варшава, а потоа НАТО би изјавило: „Господи! Многу ни е жал, не знаевме дека сте сериозни. И бидејќи вие употребивте против нас нуклеарно оружје, ние ќе се предадеме. Земете“, изјави Кларк во интервју за „Си-Ен-Ен“.

„Тие размислуваат на таков начин. Токму тоа го практикуваат. Прават голема грешка, затоа што нема испадне така. Русија е поврзана со Западот преку обврзници, инвестиции, долгови и патувања“.

Сепак, меѓу Русија и НАТО нема да настане нова студена војна, без разлика на напорите на Путин, смета американскиот генерал во пензија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња