Европската унија нема да воведе нови санкции против Русија, затоа што со тоа не се согласуваат многу членки на унијата, смета Ребека Хармс, пратеничка во Европскиот парламент, членка на Комитетот за прашања за парламентарна соработка меѓу Украина и ЕУ.
„Нема да има нови санкции“, изјави Хармс, одговарајќи на прашањето на украинскиот портал ЛІГА.net за тоа дали властите на ЕУ планираат да воведат нови мерки против Русија.
Исто така, според Хармс, европските земји нема да го усвојат ни „списокот Савченко“. Засега го усвои само Литванија, на која можеби ќе ѝ се придружат и останатите балтички земји, но другите членки на ЕУ нема да ја поддржат оваа иницијатива.
„Отворено кажано, ако ние во ЕУ засега успееме да ги задржиме санкциите кои се на сила, тоа ќе биде наш инструмент за притисок на Русија и тоа ќе биде добро. Многу земји во ЕУ сакаат да се вратат на нормални односи со Русија, ако што се Франција и социјал-демократите во владата на Германија. Тие се повеќе за нормални односи со Русија... Затоа е нереално да се очекува дека ќе бидат договорени нови санкции против Русија“, изјави Хармс, пренесува РИА „Новости”.
Самата Ребека Хармс се залага да биде употребен против Русија „списокот на Махнитски“ и смета дека Москва не ги почитува одредбите од „Минската спогодба“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче