Руски воен брод повторно ја исплаши Латвија

Националните вооружени сили (НВС) на Латвија изјавија дека во понеделникот во близина на границата со Русија бил забележан руски воен брод.

„Во латвиската ексклузивна економска зона на пет морски милји од територијалните води НВС денеска го идентификуваа бродот на ВМФ РФ „Игор Белоусов“, се вели во соопштението на Вооружените сили, пренесува „Взгљад“.

Ова не е првпат како Латвија соопштува за руска техника на своите граници. На крајот на февруари НВС Латвија веќе изјавија дека во близина на границата на републиката наводно биле забележани руски воени бродови.

Минатата година НВС Латвија забележаа руски воен авион во близина на воздушниот простор на земјата. Исто така командата на ВС Латвија изјави дека руски воен брод бил забележан во близина на морската граница на земјата. Претходно латвиската војска соопшти за руски воен брод.

Според верзијата на МО Латвија, руски воени авиони и бродови се приближувале до границите на Латвија во 2015 година повеќе од 270 пати, а во 201 година – повеќе од 250 пат.

Претходно амбасадорот на РФ во Латвија Александар Вешњаков повеќепати изјави дека сите летови на руските ВКС и движења на бродовите се вршат во строга согласност со меѓународно-правните норми.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња