Пушков го обвинува Западот за „политички расизам“

На овој начин претседателот на Комитетот на Државната дума за меѓународни работи го коментираше односот на САД кон земјите кои не ги делат „вредностите“ на американскоцентричниот свет.

Претседателот на Комитетот на Државната дума за меѓународни работи Алексеј Пушков смета дека Западот покажува „политички расизам“ кога се однесува со омаловажување кон државите кои не ги споделуваат „вредностите“ на американскоцентричниот свет.

„Ни велат: па кој е на ваша страна? Ова, знаете, е таков западен политички расизам", изјави Пушков во програмата на телевизијата ТВЦ, пренесува ТАСС. „Па кој ве поддржува? Боливија, Куба.... Не само тие, воопшто не се само тие. Против американскоцентричниот свет истапуваат во принцип поголемиот дел од човештвото. Тоа се и Кина, и Индија, и Бразил, и поголемиот дел од Латинска Америка, и арапскиот свет – погледнете го Египет“, истакна пратеникот.

Според неговото мислење, „американскоцентричниот свет не предвидува таква земја како Русија“. „Затоа што таа е „проблематична“, има нуклеарно оружје, има огромна територија, огромни ресурси, има огромен потенцијал за независност. И тоа не се совпаѓа со американскиот глобален проект.“

Пушков смета дека „ним (на западниот свет предводен од САД) им требаат субјекти на нивниот свет, а не објекти кои се независни од нив во значителна мера“.

„Затоа, кога зборуваме дека треба да се ориме за друг светски поредок, не американскоценитрчен, ами за некој поинаков, каде ќе има баланс на интересите, ние фактички ги обезбедуваме условите за нашето национално постоење и опстанок. Но со тоа привлекуваме на наша страна многу држави кои претходно не играа водечка улога во политиката“, потенцира политичарот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња