Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека информациите на израелските медиуми за тоа дека руските ловци во Сирија наводно отворале оган врз израелски авиони се „далеку од вистината”.
„Израелските медиуми не сакам да ги коментирам. Сопопштенијата на израелскиот печат во овој случај се далеку од вистината“, изјави Песков, а пренесува „Взгљад”.
Одговарајќи на прашањето за кои прашања разговарале во текот на средбата во четвртокот, 21 април, претседателот на Русија Владимир Путин и премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху, Песков рече дека главни теми биле ситуацијата во Сирија и воопшто на Блискиот исток, како и трговско-економската соработка на двете земји.
„Средбата беше многу полезна и многу содржајна. Се одржа во три формати: во тесен состав, преговори во состав на делегациите, како и разговор очи в очи“, објасни Песков.
Претходно израелскиот весник „Едиот ахронот” соопшти дека руски ловци, користени во операцијата во Сирија, наводно двапати отвориле оган врз израелски авиони. Весникот притоа не ги наведува ни датумите на инцидентите, ни изворот на оваа информација.
Весникот исто така изнесува мислење дека средбата меѓу Путин и Нетанјаху е одржана токму поради овие инциденти.
Нетанјаху изјави дека дошол во Русија за зголемување на координацијата со Москва во сферата на безбедноста. „Дојдов овде со една конкретна основна цел: да ја зајакнам координацијата меѓу нас во сферата на безбедноста, за да спречиме какви било грешки и недоразбирања“, изјави израелскиот премиер.
Путин изјави дека интензивните односи меѓу Русија и Израел се важни за сложената ситуација во блискоисточниот регион. Тој истакна дека со раководството на Израел одржува редовни контакти.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче