Кремљ со мерки при негативни последици од интеграцијата на Киев и ЕУ

Во случај на негативни последици за Русија од интеграцијата на Украина со ЕУ ќе бидат преземени мерки од реципрочен карактер, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Русија ќе биде задоволна ако асоцијацијата со ЕУ ѝ овозможи макар според некакви параметри да постигне успех, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, пренесува „Взгљад“.

„Ова е прашање кое повеќе се однесува на ЕУ и Украина. Во тој економски дел – колку тоа може да се однесува на руско-украинските односи и економските односи на Русија, - тогаш, се разбира, ние многу внимателно ќе ги следиме евентуалните негативни последици. Ако настанат такви, ќе се преземаат неопходни мерки од реципрочен карактер“,  изјави Песков одговарајќи на прашањето како може да се одрази стапувањето на сила спогодбата за асоцијација меѓу Украина и ЕУ врз односите на овие земји со Русија.

Одговарајќи на прашањето за тоа какви, според него, позитивни последици можат да настанат од дејствувањето на оваа спогодба, портпаролот на претседателот истакна: „Ќе видиме“.

„Несомнено, Русија е заинтересирана нејзините соседи да бидат предвидливи, економски самостојни, да кажеме, стабилни и просперитетни. Ако таа спогодба ѝ помогне на Украина макар според некои параметри да ги постигне целите, тогаш, несомнено, ние можеме само да му се радуваме на тоа“; објасни Песков.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња