Москва ја одобри Париската спогодба за климата

Одлуката доаѓа и покрај отпорот од индустријата за јаглен.

Руската влада ја одобри Париската спогодба за климата на 19 април. Во документот објавен на нејзиниот официјален вебсајт, владата вели дека нејзина стратешка цел е да се осигура дека глобалните просечни температури ќе се зголемат за помалку од 2 степени Целзиусови до крајот на 21 век.

„На инсистирање на Русија, спогодбата вклучи и член кој повикува на адекватно водење сметка за шумскиот појас и вредносниот стандард за глобална адаптација на климатските промени“, вели владата во документот.

Медиумите претходно оваа година соопштија дека Русија ќе ја потпише нова климатска спогодба усвоена од Обединетите Нации во Париз во декември 2015.

Рускиот вицепремиер Александар Хлопонин ќе присуствува на церемонијата на официјалното потпишување во Њујорк.

И покрај отпорот на мерките за климатска политика од страна на индустријата за јаглен, владата ја поддржа позицијата на Министерството за животна средина и на Министерството за економија и ќе учествува во меѓународните климатски спогодби, пренесува „Комерсант“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња