Грушко: НАТО се обидува да ја натера Русија да заземе курс на конфронтација

Претходното партнерство меѓу Русија и НАТО повеќе го нема, Алијансата донесе одлука да тргне по патот на заплашување во односите со Москва, изјави постојаниот претставник на Русија во НАТО Александар Грушко.

„Се наоѓаме во многу опасна ситуација која може да доведе до влошување на безбедноста во многу области во кои долги години беше мирно и безбедно“, изјави Грушко за весникот „Ди Велт“.

Постојаниот претставник на Русија во НАТО истакна дека односите меѓу Русија и Алијансата се „многу лоши“.

„Нашето претходно партнерство повеќе не постои. НАТО се обидува да ја принуди Русија да заземе курс на конфронтација“, изјави Грушко.

„Ние немаме позитивна агенда, немаме проекти кои би ни овозможиле да се вратиме на подобрување на односите таму каде што имаме заеднички интереси. НАТО донесе одлука да ги промени нашите односи од партнерство во заплашување“, потенцираше Грушко.

Во врска со денешниот прв за речиси две години состанок на Советот Русија-НАТО (СРН) на ниво на амбасадори, Грушко истакна дека постојните разногласија не треба да пречат на одржувањето на дијалогот. „Тоа се однесува на основните принципи на Советот Русија-НАТО“, изјави тој.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња