Македонија им нуди субвенции на руските туроператори

Во Македонија ги сметаат руските туристи за приоритетна целна група. За секој Русин кој дошол на одмор руските туроператори ќе добијат од 15 до 65 евра во зависност од видот на превозот.

Македонија реши да привлече повеќе организирани туристи од Русија, ветувајќи им на туроператорите субвенции за секој довезен патник – од 15 до 65 евра во зависност од видот на превозот, соопшти Асоцијацијата на туроператори на Русија (АТОР), пренесува РИА „Новости“.

Како што го информираа АТОР од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија, руските туристи се една од приоритетните целни групи за земјата. За привлекување на Русите Македонија последниве неколку години секоја година го пролонгира безвизниот влез.

Така, за секој руски турист кој ќе пристигне авионски во група од десет луѓе и кој ќе престојува во Македонија не помалку од три дена, на туроператорите ќе им вратат по 65 евра. Оние, кои ќе дојдат со туристи со автобуски превоз, ќе добијат по 20 евра. Компаниите кои ќе довезат руски туристи во рамките на комбинирани тури, можат да сметаат на 15 евра, се вели во соопштението.

Притоа, според мислењето на руските учесници во туристичкиот пазар, овој проект ќе биде интересен само ако се појават директни авиолинии, затоа што руските турист во моментов можат  да дојдат до Македонија првенствено преку аеродромите на соседните балкански земји.

„Во моментов по македонска линија работиме со индивидуални барања, но обемот на резервации е многу мал. Ако се појави директна линија, а програмата за субвенционирање биде како и претходно актуелна, се разбира дека на туроператорите ќе им биде интересно и тоа ќе дозволи да се смета на зголемување на туристичкиот поток“, ја коментираше ситуацијата еден од учесниците во рускиот туристички пазар. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња