Путин: Украина кочи многу нешта околу „Минската спогодба“ и Донбас

„Се зборува за „Минск 2“, што ќе се случува со Донбас, повторни војна“, го прашаа граѓаните претседателот на РФ Владимир Путин. Тој нагласи дека е важно жителите на Донбас да имаат политички права и дека „Минската спогодба“ е единствениот начин за регулирање на кризата.

Во текот на „Директната линија“ со Владимир Путин граѓаните прашаа „Што ќе биде со Донбас, повторно војна?“  

Путин нагласи дека е важно жителите на Донбас да имаат политички права и дека „Минската спогодба“ е единствениот начин за регулирање на кризата.  

„Многу нешта во реализацијата на „Минската спогодба“ ги закочи токму Украина“, одговори рускиот претседател, нагласувајќи дека уставните измени за посебниот статус на регионите на југоистокот на Украина се пролонгираат, а претседателот Порошенко не го потпишува законот за амнестија.

„Доколку нашите партнери од САД сакаат заедно да го поминеме тој пат мораат да влијаат на своите партнери во Киев. Ние сме подготвени на секој начин да му помогнеме на тој процес, базирајќи се на тоа дека нема да има активни борбени дејствија“, рече рускиот претседател.

„Зошто постојано да се повторува едно исто нешто, дека ние мораме нешто да исполниме? Сѐ што требаше исполнивме“, нагласи Путин, пренесе РИА „Новости“. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња