Путин: Русија не се наоѓа во непријателски обрач

Имаме проблеми со некои политичари кои се однесуваат непримерно, но ние треба да реагираме на тоа на соодветен начин. Секогаш мора да се реагира, инаку ќе ви се качат на глава, изјави рускиот претседател нагласувајќи дека РФ не се наоѓа во непријателско опкружување и дека со повеќето земји има добри односи.

Андреј Бистрицки, раководител на угледниот меѓународен форум Валдај, инаку познат новинар и уредник, го праша рускиот претседател дали Русија се наоѓа во непријателски обрач.

„Во септември минатата година Ердоган го сметаа за ваш пријател и речиси стратешки партнер. Што се случува сега, пријателството заврши? Украина, Молдавија, Грузија, Турција, се создава впечаток дека се наоѓаме во непријателски обрач. Може ли Русија да се развива во такви услови“, праша Бистрицки.

„Ние не се наоѓаме ниту ќе се наоѓаме во непријателски обрач. Тоа е исклучено. Имаме добри односи со повеќето земји во светот. Не зборувам овде само за ШОС, кој се шири, за нашите сојузи во БРИКС. Турците ги сметаме за пријателски народ“, одговори рускиот претседател.

„Имаме проблеми со некои политичари кои се однесуваат несоодветно и на тоа треба да реагираме на соодветен начин. Неодложно треба да се реагира, инаку ќе ни се качат на глава. Имавме такви примери во поновата историја. Секако дека ќе ги развиваме односите со сите наши партнери во наш интерес“, рече Владимир Путин во текот на „Директната линија“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња