МО Русија ја објасни „блиската средба“ со американскиот разурнувач

Пилотите на Су-24 воспоставија визуелен контакт и се оддалечија од разурнувачот, почитувајќи ги сите мерки на безбедност, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков.

Пилотите на бомбардерите Су-24 ги почитуваа сите мерки на безбедност, изјавија од Министерството за одбрана на Руската Федерација, коментирајќи ја изјавата на САД за „опасниот лет“ покрај разурнувачот „Доналд Кук“.

„Руските воени авиони во сите летови строго се придржуваат до меѓународните правила за користење на воздушниот простор над неутрални води“, изјави официјалниот претставник на одбранбениот ресор генерал-мајор Игор Конашенков, пренесува РИА „Новости“.

Американскиот разурнувач инаку се доближил до руската морнаричка база на околу 70 километри, рече Конашенков и додаде дека „откако го открија бродот во зоната на видливост, руските пилоти направија оддалечување од него со почитување на сите мерки на безбедност“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња