„Доналд Кук“ не отворил оган врз руските бомбардери Су-24 кои прелетаа во непосредна близина само затоа што во тие маневри не почувствувал вистинска закана, вели пензионираниот офицер на американската воена морнарица Рик Хофман, пренесува „Взгљад“.
„Не сме во војна со Русија. Не можеш да убиваш луѓе само затоа што ти одат на нерви. Кога екипажот ќе види авион и ќе сфати дека не е вооружен, нема причина да отвора оган“, објасни Хофман.
Конгресот на САД вчера реагираше на летовите на руските воени авиони во близина на разурнувачот кој со Полска одржуваше заеднички маневри во југозападниот дел на Балтичкото море.
„Воената морнарица на САД во Европа мора да биде во доволна мера подготвена за да може да одговори на закана каква што имено претставува однесувањето на Русија“, изјави шефот на комитетот на Претставничкиот дом на Конгресот за морнаричките сили Ренди Форбс.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче