Медиумите пренесоа: „Федерика Могерини изјави: Нема да има враќање на односите по принципот business as usual, сѐ додека Русија не почне да ги почитува своите меѓународни обврски и меѓународното право“.
1. Меѓународни обврски. Кои „свои меѓународни обврски“ не ги почитува Русија? Да не е „Минската спогодба, која таа самата ја иницираше и секоја неделна апелира на исполнување, адресирајќи ги тие обраќања до киевските потписници и нивните спонзори, вклучително и од ЕУ?
2. Меѓународно право. Кога Русија не го почитувала меѓународното право? Кога не дозволи распад на ООН, за што сонуваа пред 15 години нашите западни партнери кои иницираа неколку големи „разобличувачки скандали“ за дискредитација на организацијата? Кога сите преземени активности на меѓународната сцена руската страна ги мотивира не со поддршка на „коалициите“ кои немаат легален статус, ами со важечките меѓународни документи и процедури?
3. ЕУ- меѓународни обврски – меѓународно право. Врз основа на кои одредби од меѓународното право во Сирија се наоѓаат земјите-членки на ЕУ? А што правеа тие во Либија? А во Ирак? Зошто ЕУ која се залага за почитување на меѓународното право не бара отчет од Вашингтон за исполнување на мандатот на СБ ООН за спроведување на операцијата во Авганистан? Кога Брисел има намера да ги повика на одговорност државите кои со нарушување на сите можни норми на меѓународното право го претворија животот на луѓето в земјите на Блискиот Исток и Северна Африка во пекол, кој тие сега го нарекуваат „грешка“? Кои одредби од меѓународното право им даваат на земјите од ЕУ основа да се мешаат во внатрешните работи на суверените држави, сѐ до интервенција? Зошто ЕУ не бара повикување на одговорност на оние кои стоеја зад прекројувањето на границите на Србија, кои со прекршување на резолуцијата на СБ ООН ѝ го одзедоа Косово? Врз основа на кои меѓународно-правни норми Брисел го призна Косово за суверена држава? Што ги натера редица ЕУ-земји да заборават на договорот што го одобрија тие меѓу Јанукович и опозицијата кој гарантираше преоден период за смена на власта, а чие заборавање доведе до крвава борба низ целата земја? Кога ЕУ ќе почне да го почитува меѓународното право спрема бегалците? И ќе почне ли Европската унија некогаш совесно да го исполнува она на кое апелира до останатите?
4. Business as usual. Нема да го има не „сѐ додека Русија“, ами во принцип“, вели Захарова во својот коментар на Фејсбук.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче