Како што соопштува агенцијата „Итерфакс“ повикувајќи се на прес-службата на Министерството за одбрана на РФ, во Сирија се урнал руски воен хеликоптер Ми-28Н.
„На 12 април 2016 година во 1:29 по московско време при реализација на летови во реонот на градот Хомс (Сириската Арапска Република) се урна хеликоптер на Воздушно-космичките сили на Русија Ми-28Н. Двата члена на екипажот загинаа“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.
Од министерството исто така додадоа дека хеликоптерот не бил соборен. Засега не се прецизираат детали.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче