Пентагон: Руската артилерија е посилна од американската во Европа

САД заостануваат зад Русија во однос на можностите на артилеријата во Европа, изјави на сослушувањата во Конгресот на САД началникот на штабот на Копнените сили на САД генерал Марк Мили.

„Нам не ни се допаѓа тоа, тоа не го сакаме, но, навистина, тие имаат поголем радиус на дејствување и повеќе цевки“, изјави Мили на седницата на сенатскиот комитет за вооружени сили зборувајќи за руската артилерија и тенковите, пишува „Взгљад“.

Притоа, според неговите зборови, предноста на Русија изгледа „не премногу драматично“.

Генералот не сакаше да наведува подетални податоци.

Според инфографикот на „Взгљад“, според количинските показатели руската артилерија навистина ја надминува артилеријата на сите земји на НАТО земени заедно.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња