„Во политиката треба да се поаѓа од реалиите... Ние треба да поаѓаме од тоа чиј де факто е Крим денеска и да ја градиме нашата политика и да соработуваме со него“, изјави Макеј на прес-конференција, одговарајќи на прашањето како се одвиваат односите денеска меѓу Белорусија и Крим, пишува „Взгљад“.
Претходно белорускиот лидер Александар Лукашенко изјави дека во ситуацијата со присоединувањето на Крим кон Русија, за кој самиот тој е запознаен „подлабоко“, Украина „самата е виновна“.
Според зборовите на Лукашенко, Украина „пламна“ не само поради внатрешни причини, зад таа „тепачка стојат силните на овој свет“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.