Песков: Обама ја наведува Европа на конфронтација со Русија

Кремљ изрази жалење во врска со изјавите на претседателот на САД Барак Обама кој ја поттикнува Европа против Русија, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.

„Не го одобруваме таквиот пристап кој предизвикува конфронтација. Изразуваме жалење поради гледиштето кое претставува пример за конфронтација“, изјави Дмитриј Песков. „Згора на тоа, изразуваме особено жалење поради тоа што од другата страна на океанот ги наведуваат европските држави против нас“, додаде Песков, пренесува „Взгљад“.

На тој начин тој ги оцени зборовите на Обама дека Америка мора да ги задржи воените расходи поради појавата на нови закани, па и од страна на Русија.

Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова во вторникот изјави дека САД сериозно почнале да се занимаваат со воена реторика и дека Москва ќе го има предвид тоа.  

Воениот буџет на САД предвидува 4,3 милијарди долари за „спротивставување на руската агресија и поддршка за европските сојузници“.

Министерот за одбрана на САД Ештон Картер во вторникот изјави дека Иран, Русија, Кина и „Исламската држава“ се главните закани за Америка.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња