Обама: Воено инвестираме поради Русија

Воените инвестиции на САД вклучуваат проширување на плановите во Европа и Америка е подготвен а да ги поддржи своите сојузници во НАТО „во светлината на агресивните дејствијата од страна на Русија“, изјави Барак Обама.

Претседателот на САД Барак Обама е убеден дека инвестициите во воениот развој во Европа се неопходни за ефикасно спротивставување на Русија, пренесува РИА „Новости“.

„Ние инвестираме во нашите воени капацитети, неопходни за задржување на агресијата и за заштита на нашата безбедност и на нашите сојузници. Тоа вклучува проширување на нашите планови во Европа за да ги поддржиме нашите сојузници во НАТО во светлината на агресивните дејствија од страна на Русија“, изјави Обама во Белата куќа на состанокот со министерот за одбрана Ештон Картер.  

НАТО значително се засилува на своето источно крило. Особено силно присуство на Алијансата има во балтичките земји.

Москва повеќепати има изјавено дека Русија ќе даде ефикасен одговор дејствијата на Западот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња