Австриски претседател: Антируските санкциите не се од полза на двете страни

Австрија инсистира на тоа дека ЕУ треба да ги разгледа сите можности за развој на односите со Русија и „да најде заеднички пат“, изјави претседателот ан Австрија Хајнц Фишер на средбата со спикерот на Државната дума Сергеј Наришкин.

Федералниот претседател на Австрија Хајнц Фишер изјави за потребата да се најде пат кој би довел до укинување на поголемиот дел од европските санкции против Русија, пренесува РИА „Новости“.

„Секогаш, на секое место зборувам дека санкциите се она што не е од полза на двете страни“, изјави австрискиот лидер на средбата со претседателот на Државната дума Сергеј Наришкин. Истовремено политичарот објасни дека Австрија е „лојална членка на Европската унија“.

„Потребни е да се разгледаат сите можности за развој на односите меѓу Русија и ЕУ. Најважно е да се најде таков пат, заеднички пат за сите нас“, истакна Фишер.

Спикерот на Думата, од своја страна, изрази надеж дека Виена ќе продолжи со отворената политика спрема Русија. Посетата на австрискиот претседател на Москва Наришкин ја оцени како подготвеност за дијалог.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња