Руските научници од „Визуелна Наука“ (Visual Science http://visual-science.com) создадоа визуелен модел на вирусот Зика.
Моделот ги одразува тековните знаења на научниците за архитектура на вирусот. "Тој вклучува 360 различни површински протеински структури, обвивката на липидите, и веројатната структура на генетскиот материјал во состав со капсидни протеини", вели „Визуелна наука“ во соопштението за печат.
Моделот на вирусот Зика е дел од проектот „Вирален парк“ на „Визуелна наука“, кој веќе ги вклучува моделите на ХИВ, Х1Н1, Ебола и папилома.
Вирусот Зика првпат беше откриен во 1940-те во Уганда, каде што неговите природни носители беа мајмуни. Но, додека локалното население разви силен имунитет на вирусот, тоа беше "забележано" на глобално ниво дури откако комарците кои го носеа вирусот се појавија во Јужна Америка и активно се населија низ целиот континент.
Од октомври 2015 повеќе од 4000 случаи на микроцефалија кај децата родени од инфицирани мајки беа регистрирани само во Бразил, земја која се подготвува да биде домаќин на Летните олимписки игри во 2016 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче