Во текот на операцијата за ослободување на историскиот град Палмира во Сирија руската војска ги примени јуришните хеликоптери Ми-28Н „Ноќен ловец“. Тоа е првото соопштение за примената на наведените системи во борбените дејствија со терористите од ИДИЛ. Претходно Ми-28Н се применуваа исклучително за заштита на авиобазата „Хмејмим“ во која е сместена руската авиогрупа.
Од кадрите се гледа уништување на оклопни возила на ИДИЛ со помош на наведувани противтенковски ракети, а потоа – ликвидирање на терористите во една од куќите во Палмира.
Единиците на вооружените сили на Сирија го објавија ослободувањето на градот на 27 март.
Ми-28Н:
Екипаж: 2 луѓе
Максимална дозволена маса за летање: 12100 кг
Максимална брзина: 300 км/ч
Растојание во лет: до 450 км
Основно вооружување
30-мм топ М230 (муниција - 1200 полнења, брзина на гаѓање - 625 истрели во минута);
Ракети „воздух-воздух“ - AIM-9 и AIM-92
Ракети „воздух-земја“ - AIM-114
Ракети без наведување - Hydra-70
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче