Претседателот на Русија во телефонскиот разговори му го честиташе на Башар Асад ослободувањето на градот Палмира, соопшти портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков.
Притоа Путин ја истакна важноста на зачувувањето на овој уникатен за светската култура историски град, додаде Песков.
„Путин уште еднаш потенцираше дека без оглед на повлекувањето на основниот дел на рускиот воен контингент од Сирија, вооружените сили на РФ и понатаму ќе им помагаат на сириските власти во борбата со тероризмот и во ослободувањето на својата земја од екстремистичките групации“, соопшти тој.
Песков потенцираше дека Асад дал висока оценка за помошта што ја пружиле руските ВКС, а исто така истакнал дека „таквите успеси, како ослободувањето на Палмира, би биле невозможни без поддршката на Русија“.
„Според зборовите на Асад, апсолутно е очигледно дека се води борба за нафтата, но, како што истакна тој, насекаде има многу нафта, а Палмира е една“, изјави портпаролот на рускиот претседател, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче