Лавров: САД пуштаат дезинформации за сириските преговори

САД грубо пуштаат дезинформации за текот на руско-американските консултации за сириското решение, изјави шефот на МНР РФ Сергеј Лавров.

„Има многу шпекулации. Ми се чини дека тие шпекулации го одразуваат фактот дека нашите американски партнери, во суштина, на сите нивоа, се познати по тоа што редовно не само што ја „искажуваат“ содржината на тие дипломатски преговори, но и грубо пуштаат дезинформации за она што реално се дискутира“, изјави Лавров по разговорите со шефот на МНР Србија Ивица Дачиќ во Москва.

Според зборовите на Лавров, изјавите дека САД и Русија наводно се договориле за судбината на претседателот на Сирија Башар Асад, претставуваат извртување на фактите.

„Во тој случај се случува извртување на фактите, се покажува стремеж да се претстави посакуваното како реално. САД се потпишаа на нашите заеднички одлуки (за иднината на Сирија) и во Меѓународната група за поддршка на Сирија, и во СБ ООН каде е кажано дека само сирискиот народ ќе ја определува судбината на Сирија во сите нејзини аспекти“, изјави Лавров.

Тој потсети дека оваа одредба „за судбината на Асад и кој ќе се занимава со неа“ била утврдена „во цела низа одлуки“ уште во минатата година.

„Не можат нашите американски партнери да не го разбираат тоа. Не можат тие, се разбира, на некаков начин јавно да ја подложат на сомнение оваа формула чии коавтори се тие. И токму во тие  нечесни протекувања на информации кои ја извртуваат реалноста, очигледно, се гледа неспособноста на Вашингтон да натераат некои од своите сојузници во регионот, па и во Европа, да ги исполнат резолуциите на СБ ООН и да му го дадат на сирискиот народ сувереното право, кое веќе му припаѓа, да ја определи својата судбина, вклучувајќи го и решението на прашањето кој ќе биде негов лидер“, додаде рускиот министер, пренесува „Взгљад“.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња