„Гаспром“ одбива до го продолжи „зимскиот пакет“ за Киев

На први април истекува важноста на „зимскиот пакет“ и се укинува попустот на гас чија цена се враќа на онаа предвидена со договорот потпишан меѓу „Гаспром“ и „Нафтогас на Украина“.

Одлуката  на „Гаспром" да не го продолжи „зимскиот гасен пакет“ со кој е предвиден попуст на испораката гас за Украина предизвика извесна вознемиреност во „Нафтогас на Украина“, изјави првиот човек на украинската државна компанија Андреј Коболев.

„Нема напредок, повеќе имаме негативни информации од „Гаспром“, гледаме дека засега не се согласија да го продолжат „зимскиот пакет". Тоа нѐ збуни во одредена мера, макар, како што се вели во Русија, „на срцето не можеш да му заповедаш“, рече Коболев.  

Попустот за Украина во рамките на „зимскиот пакет“ изнесуваше речиси 18 долари, па така за 1 илјада кубни метри Киев плаќаше 212 место 230 долари. 

„Зимскиот пакет“ беше воведен по договорот постигнат на преговорите меѓу Русија, Украина и Европската комисија во 2014 година, а документот повторно беше потпишан во 2015 година, пишува „ЛајфЊуз“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња