„Постојат нешта кои ги изговараме автоматски, без да размислуваме многу за кажаното. Различните толкувања ни даваат погрешна претстава за светот, пишува за РИАФАН политичкиот аналитичар Олга Туханина.
„Едни велат дека не сме како Америка, затоа што во политиката и правосудниот систем ни недостига театралност и непредвидливост. Други велат дека не сме како Америка затоа што не користиме доволно „мека сила“ и надворешната политика не ни е таква каква што би требало да биде. И едните и другите сметаат дека тоа е лошо“.
Меѓутоа, Русија, за разлика од СССР, не е способна да се однесува како САД, затоа што сѐ досега не успеа да си го врати светскиот легитимитет, смета аналитичарот.
„Што значи тоа? Што и да прави Запад во светот, тој веднаш добива легитимитет, без особени напори. А што да направиме ние, во нас се сомневаат и нѐ осудуваат. Ние сме во состојба со помош на војската да ја одбраниме независноста на Абхазија, но не можеме да им ја подариме на Абхазијците слободата на управување, не можеме да ја воведеме Абхазија во ОН, не можеме да ѝ помогнеме да ја признаат и нашите најблиски партнери - Белорусија и Казахстан. А САД го можат тоа.“
Косово во таа смисла во корен се разликува од абхаското прашање. „Порано или подоцна и Србија ќе ја признае независноста на Приштина и само затоа што Западот е во состојба да го постигне тоа.
„Нашата помош ја бараат само кога целосно го губат легитимитетот кој претходно им го подарил Западот. Кога веќе нема каде. Кога е смртна опасност. Во сите други ситуации ќе им се даде предност на односите со Вашингтон“, пишува Туханина.
"Не смееме да ги поедноставуваме процесите кои се одвиваат внатре во Западот. Тој е преголем, со него е тешко да се управува. Суперимпериите не траат долго. Тие се рушат под сопствениот товар. А во тоа е нашата шанса. Монголската империја исто така била голема. Првите сигнали на рушењето веќе ги гледаме кога Трамп изјавува дека треба да се ослободи од товарот на НАТО. Новиот американски Горбачов можеби и нема да му даде независност на Тексас, но лесно може да се откаже од Франција и Германија. Варварите се пред порти“, заклучува познатата руска блогерка и авторка на порталот РИАФАН.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче