Информативните напади врз претседателот на Русија Владимир Путин имаат врска со јакнењето на улогата и авторитетот на Русија во светот, изјави директорот на фондацијата Институт за социо-економски и политички истражувања Дмитриј Бадовски, додавајќи дека зад кампањата стојат американски фондови.
„Повторното заострување на информативните напади врз Русија и претседателот Путин без сомнение е врзано за тенденциите во светската политика, како што е очигледно јакнењето на позициите и авторитетот на Русија во светот по воениот и политички успех на сириската операција и ништо помалку значајниот пораст на личната популарност на Путин во Европа и многу други земји во светот“, смета експертот, пренесува „Взгљад”.
Експертот истакна дека е очигледно дека публикациите во западните медиуми се однапред испланирани и политички и пропагандно мотивирани и дека, на крајот на краиштата, никој и не го крие тоа. Според мислењето на Бадовски, тоа е потполно јасно ако се погледне кој ги спроведува истражувањата за претседателот Путин.
Бадовски наведува дека „истражувањата ги спроведува „Меѓународниот конзорциум на новинари-истражувачи (ICIJ)”. „Општо познато е дека тоа е меѓународна непрофитна организација чии членови се специјализирани за истражувања. Но помалку познато е, но и крајно важно за разбирање на ситуацијата, дека овој меѓународен истражувачки конзорциум е проект на американскиот „Центар за јавен интегритет“ (Center for Public Integrity)”, вели стручњакот. Тој објасни дека меѓу најголемите донатори на овој центар се познати структури како што се Фондацијата „Мекартур“ и Фондацијата „Сорос“, како и низа слични американски фондации.
„Нивната улога и природата на нивниот интерес за Русија се одамна познати и кај никого не будат илузии“, заклучува политикологот. Тој потсетува дека, на пример, фондацијата на Сорос спаѓа меѓу организациите кои се прогласени за непожелни во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче