„Успесите“ на ЕУ во борбата со руската пропаганда

European External Action Service (EEAS) Колаж на „Руска реч“
Виталиј Лејбин, главниот уредник на списанието „Руски репортер“, полемизира за медиумската војна што во моментов се води против Русија.

Срамота е каква е оваа борба на нашите „европски партнери“ со руската пропаганда:  Се разбира дека постојат лаги од сите страни, а ние во Русија сме навикнати да сметаме дека наште медиуми се соема непрофесионални. Но, тоа не е така.

Доколку погледнете подобро, ќе видиме дека и официјалниот орган на Европската Унија отворено се занимави со ноторни глупости. Не телевизијата, и не таму некој си блогер, туку вистински официјален орган – Европска служба за надворешни работи! Во нивниот фајл постои табела со дезинформации кои ги пронаоѓаат, ги испраќаат и негираат некакви доброволци и всушност самите се занимаваат со пропаганда. Доколку добро сфатив, сите информации се објавуваат без да се проверат. Едноставно се штанцаат како на подвижна лента, само табелата да биде што поголема. Еве како изгледаат некои актуелни теми, и тоа од вистински руски медиуми, а не од блогерски постови. На пример, „поранешниот новинар Павел Спирин“ вака ја негира статијата на весникот „Комсомољскаја правда“: „Во повеќе наврати е негирана верзијата што ја иницираше Киев и според која во Донбас се води граѓанска војна“. Пред сè, не станува збор за факт, ами за мислење, а мислење не може да се негира. Во полемика можат да се изнесат аргументи за и против – тоа не е никакво злосторство, а не е ниту агитација.

Истиот тој човек почнува да удира и „по фактите“. Тој го вели следново: „Постојат голем број докази дека проруските сили го собориле малезискиот авион“ и како доказ наведуваат линк кон извештајот на Холанѓаните, а во тој извештај не се спомнува такво нешто. Само приближно се наведува местото од кое е лансирана ракетата, и тоа засега е сè што е официјално изјавено по истрагата. Со други зборови „негаторот“ не само што ништо не негира, туку и отворено лаже. Или на истото место: „Постојат голем број докази дека Русите ракетираат цивилно население во Сирија“. Доказ: линк на минијатурна белешка во весникот Гардијан... Само една белешка во Гардија е идеален пример за некомпетенција и за необјективност. Имено, се наведува линк на само еден извор: Syrian Observatory for Human Rights. Ова е организација која има само еден член, и тој човек живее во Лондон. Тој се фали дека во Сирија има 200 извори, само што не сака да ги открие. Доверливоста на инфромациите кои ги пласира оваа организација во повеќе наврати беше доведена под сомнеж во западниот печат, па дури и во самиот Гардијан. Претпоставувам дека интензивната активност на руската авијација навистина може, за жал, да предизвика жртви кај циилното население. И веројатно такви жртви има, но не плашете се: што се појават првите факти, веднаш ќе ги дознаеме од светските медиуми, со видеоснимки, доверливи сведоци и докази. Се води пропагандистичка војна, и ваква можност, доколку таа се укаже, сигурно нема да биде пропуштена.

Споменатата табела е пример за лоша, всушност за сосема идиотска агитација и пропаганда, и тоа под знамето на ЕУ со многубројни логоа на официјални органи. Полоши агитатори и лажговци се само официјалните органи на Украина. За волја на вистината, можеби на овој проект и работат само украински активисти и доброволци? Можеби оттаму потикнува и ваквиот стил и квалитет? Не е тоа во прашање. На пример, таму на дено место се споменуваат „лажни факти“ за сличајот со девојчето Лиза во Германија, но и понатаму ништо не се негира, ниту се наведува одмерена веродостојна верзија, туку само се споменува ставот на полицијата. Дури не се ни кажува дека целиот случај е многу покомплициран, дека полицијата од почетокот постапила неодговорно, обвинувајќи го детето деека лаже, и дека не само руските, ами и германските медиуми постапиле неубаво, едните го кажуваа едниот, а другите другиот дел од вистината.

Табелата содржи линкови на европски организации како што е „Аналитички центар за европски вредности“. Споменатиот центар тврди дека ветувањата за Горбачов за непроширување на НАТО се обичен мит. Долг е списокот на литература на оваа тема. Тоа многу сложен случај, но усни ветувања секако се дадени, и посоеја различни ставови во преговорите на Бејкер, Кол и Буш – сето тоа е добро познато и присутно во историографијата и во западниот печат. На пример http://inosmi.ru/world/20141002/223391386.html. Уваво им велев на колегите во Берлин дека не треба да се борат против „руската пропаганда“, зашто од тоа ќе произлезе уште една пропаганда, само уште полоша. Кога руската пропаганда лаже, таа не опасна за Европската Унија, зашто лесно се негира со вистина. Опасно е кога не лаже! На пример, кога зборува за нацистите во политиката и во воените единици на Украина, за ракетирањето на Донбас од страна на украинската армија, за настаните во Одеса на 2 мај, за сето она пто го имаат направено западните земју во Либија, во Сирија, во Јемен, во Ирак и во Авганистан. Во тој случај би требало да се согледаат фактите, а не да се преправаме дека тие не постојат, и дека сето тоа е плод на руската пропаганда.

П.С. Во име на вистината треба да се каже дека Европската служба за надворешни работи на некој начин ја симнува од себе одговорноста: „Ослободување од одговорноста: Овој материјал е составен од материјали што ги собираат членовите на мрежата за разобличување на дезинформациите. Оваа мрежа ја основаше Оперативната работна група за стратешки комуникации. Оперативната работна група не е извор на материјали, ами само ги собира. Мислењата и ставовите изразени во овој материјал не го одразуваат официјалниот став на ЕУ“. Но зошто тогаш Европската Унија се срамоти? Ако мора да се оградува, зошто тогаш воопшто ја има формирано оваа Оперативна работна група?

Виталиј Лејбин е главен уредник на списанието „Руски репортер“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња