Директорот на ЦИА Џон Бренан во текот на посетата на Москва го поставил прашањето за заминување на Башар Асад од позицијата претседател на Сирија со цел политичка трансформација на земјата, соопшти амбасадата на САД во Русија.
„Директорот Бренан ја посети Москва на почетокот на март со цел во контакт со руските официјални лица да ја истакне важноста на тоа Русија и режимот на Асад да се придржуваат до своите обврски во врска со прекинот на огнот во Сирија“, изјави Стивенс, пренесува „Взгљад”.
Според неговите збороци, Бренан исто така ја „потврди позицијата на САД која потполно го поддржува процесот на политичка транзиција во Сирија и неопходноста од заминување на Асад од власт за да се обезбеди премин кој ќе ја одразува волјата на сирискиот народ“.
Претходно МНР Русија соопшти дека посетата на директорот на ЦИА Џон Бренан на Москва на почетокот на март нема никаква врска со одлуката за повлекување на руската авијација од Сирија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче