Извор: Палмира е ослободена благодарение на руската поддршка

Операцијата за ослободување на Палмира е реализирана успешно благодарение на руската поддршка, изјави извор во Дамаск.

Изворот потврди дека сириската армија воспоставила контрола над историскиот дел од Палмира, пишува „Взгљад“.

„Оваа операција ќе беше невозможна без руската поддршка. Лично сум ѝ благодарен на Русија за тоа.“

Изворот исто така соопшти дека сириската армија веќе тргнала кон Кариатин југозападно од Палмира каде има утврдени терористи.

„Армијата веќе ги зазема предградијата на Кариатин“, изјави тој.  

Во неделата наутро беше соопштено дека војската на Сирија и народната милиција во целост ја контролираат Палмира. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња