Лавров ги нарече „тажни“ принципите на ЕУ

Москва жали за „тажните принципи“ на соработка на ЕУ со Русија, вклучувајќи ја политиката на санкции на ЕУ спрема Русија, изјави министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров.

„Се разбира, со жалење ги примивме неодамна објавените мошне тажни, би рекол, принципи на соработка на ЕУ со Русија – а згора на тоа и апелот до сите држави во светот да воведат антируски санкции“, изјави Лавров настапувајќи во Дипломатската академија на МНР Русија, пренесува „Взгљад“.

Според неговите зборови, таквите „лишени од фантазија, лишени од разбирање на глобалниот контекст што брзо се менува позиции“ претставуваат најлошата варијанта на „тунелско“ размислување.

„Поради тоа Русија е повикана да продолжува да го промовира интелектуалниот пристап, политичката динамика, да го зголемува позитивното влијание врз формирањето на новиот светски поредок“, додаде министерот.

Според зборовите на Лавров, страшните терористички напади во Брисел ја потврдуваат основаноста на иницијативата на претседателот Владимир Путин за формирање широк антитерористички фронт. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња