Могерини ги повика членките на ОН да им се приклучат на санкциите против РФ

Високиот комесар на ЕУ за политика и безбедност Федерика Могерини ги повика во официјалното соопштение земјите-членки на ООН да ѝ воведат на Русија санкции поради Крим.

Европската унија продолжува да ја поддржува реализацијата на својата политика на непризнавање вклучувајќи рестриктивни мерки. Европската унија повторно ги повикува државните-членки на ОН да разгледаат слични мерки по повод непризнавањето, во склад со резолуцијата на Генералното собрание на ОН под број 68/262, се вели во текстот на изјавата на претставничката на европската дипломатија.

Во документот исто така се изразува „длабока загриженост по повод зголемувањето на воената моќ“ и се изнесени обвинувања поради „влошувањето на ситуацијата во врска со човековите права на Кримскиот полуостров“, пишува „Взгљад“.

ЕУ и понатаму го смета влегувањето на Крим во составот на Русија како „кршење на меѓународното право“ и „директен предизвик за меѓународната безбедност“, наведува Могерини.

Две години по влегувањето на Крим во состав на Русија, се вели во документот, Европската унија и понатаму е цврсто приврзана кон суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња