Руски офицер загина во Сирија во борбите за Палмира

Офицер на руските специјални сили бил откриен и опколен додека ги координирал нападите на руската авијација врз терористите од „Исламската држава“ во реонот на Палмира.

Офицер на руските сили за специјални операции загина во текот на извршувањето на задачата за наведување на воздушните удари врз терористите во реонот на Палмира, изјави за новинарите претставник на руската база „Хмејмим“, пренесува РИА „Новости“.

„Во реонот на населеното место Тадмор (Палмира, провинција Хомс) при исполнување на специјална задача за наведување на ударите на руските авиони врз цели на терористите на ИД загина офицер на руските сили за специјални операции. Офицерот извршуваше борбена задача во реонот на Палмира во текот на неделата, откривајќи важни објекти на игиловците и давајќи им точни координати за нанесување удари од страна на руските авиони“, изјави рускиот претставник.

Според неговите зборови, војникот херојски загинал, наведувајќи го огнот врз себе откако бил откриен од терористите и опколен. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња